ШТО Е FIT BIZ АКАДЕМИЈА

На глобално ниво, се зголемува потребата од инструктори кои се грижат за луѓето кои бараат помош за својот изглед и здравје. Оваа академија не само што ќе ви ја даде можноста да добиете меѓународно признат сертификат од IBFF, туку ќе ви помогне стекнете актуелно и применливо знаење од луѓе кои вложуваат многу љубов и енергија во фитнес и велнес на дневна база.

ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ НА FIT BIZ АКАДЕМИЈАТА

Темите што ги покриваме се:

  • Визија за фитнес индустријата во наредните 5 години.
  • Работа со повреди и специфични клиенти на кои им е потребна помош.
  • Функционален Фитнес.
  • Боди билдинг и фитнес.
  • Основи на исхраната за рекреативци, професионалци и луѓе со желба за подобар изглед.
  • Работа на интернет и со социјални медиуми.
  • Создавање личен бренд и ефективна комуникација со потенцијалните клиенти.

Пријавете се на нашата академија која ке се одржи на 13ти, 20ти, 27ми (Септември) и 04ти Октомври.

Цената на истата е 400-евра и може да се плати на 2 рати.

Локацијата на одржување ќе биде во Pulse Fitness во Струмица.

За сите учесници ќе има можност да искористат организиран превоз од Скопје кој ќе тргнува секоја недела во 07:00 и назад ќе се враќа во 19:00.