Со купување на било која понуда или учествo во било која програма преку веб-страницата pulseshop.mk, Вие се согласувате во целост со Условите на употреба на веб страницата (линк), Политиката за приватност (линк) и овие Услови за купопродажба (е-трговија).

УСЛОВИ ЗА КУПОПРОДАЖБА (Е-ТРГОВИЈА)
Услови и правила за купување
  1. Цените на сите производи на pulse.mk се изразени во денари (МКД), со вклучен ДДВ.
  2. АТЛАНТИС ПУЛСЕ го задржува правото еднострано да изврши промена на цените, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена за претходно прифатени нарачки.
  3. Количините на производите се ограничени. Согласно тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите. Ако одредена понуда стане недостапна, АТЛАНТИС ПУЛСЕ ќе го откаже купувањето и ќе Ве извести преку е-маил.
  4. Купувачот може да избере еден или повеќе производи од понудата на веб-страницата pulseshop.mk.
  5. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.
  6. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, со нејзино потврдување.
  7. При секоја нарачка, задолжително треба да се пополни формуларот за испорака (податоците за контакт, адреса за испорака, телефонски број и слично).
  8. Купувањето може да се оствари со следните платежни картички, издадени од било која банка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro. Банкарските платежни картички задолжително треба да поседуваат CVV2/CVC код. Имајте во предвид дека одредени домашни банки ги немаат одобрено сите свои картички за онлајн купување. Доколку не сте сигурни за Вашата картичка, Ви препорачуваме да се обратите кај банката издавач на картичката во врска со детали околку онлајн плаќањето.
  9. Трансакцијата односно, наплатата на нарачката се врши преку банкарски пат. Податоците од платежната картичка се внесуваат директно на онлајн 3D безбедносната платежна платформа и не е потребен било каков пренос на податоци од наша страна. Со процесот на плаќање АТЛАНТИС ПУЛСЕ не добива пристап до податоците на платежната картичка и Вие сте максимално заштитени.
  10. По потврдата на Вашата нарачка, ќе Ви биде испратен e-mail (автоматска порака за потврда на нарачка) на е-адресата која ја имате наведено во формуларот.
  11. При евентуални технички проблеми со веб-страницата, АТЛАНТИС ПУЛСЕ има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување. Во таков случај, немаме обврска да извршиме било какво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.
Политика на испорака на производи
  1. Испораката може да се спроведе исклучиво на територијата на Република Северна Македонија и истата се остварува преку надворешни соработници за испорака и достава.
  2. Трошоците за испорака не се вклучени во цената на нарачката (освен ако поинаку не е предвидено во понудата) и ги плаќа купувачот при приемот на пратката.
  3. Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака на купувачот.
  4. Во согласност со нашите можности и процедурата на доставувачите, прозводот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок.
  5. Доколку нарачката е направена сабота, недела или во неработен ден, процедурата започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.
  6. Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, АТЛАНТИС ПУЛСЕ не може да превземе било каква одговорност.
Прием на производи
  1. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува.
  2. Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш во спротивно, сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производот нема да бидат прифатени.  Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.
  3. Евентуалниот приговор треба веднаш да биде упатен преку телефонскиот број на АТЛАНТИС ПУЛСЕ и кај лицето кое ја врши испораката.
Враќање и замена на производи
  1. Доколку сакате да поднесете барање за враќање на производ кој Ви е веќе доставен, осигурете се дека производот не е користен, отворен или оштетен.
  2. При случај на поднесување на барањето за враќање на производ кој Ви е веќе доставен, Вие се согласувате да ги сносите трошоците за испорака на производот до потребната локација на продавачот или сами да го доставите производот до адресата на продавачот.
  3. Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по вина или вина на продавачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт и банкарските административни трошоци за процесирање на трансакцијата за поврат на средствата.
  4. Купувачот има право да врати купен производ во период од 7 (седум) дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.
  5. Рефундации на средства за вратени производи се вршат по приемот на вратениот производ на потребната назначена локација на продавачот. Средствата ќе Ви бидат вратени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.
  6. Купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот. Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 (петнаесет) дена од денот кога производот е купен. Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, доколку е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, фискална сметка или фактура-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот. Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот може да побара враќање на платениот паричен износ.
Подршка на корисници
  1. За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот +38975252212 кој е достапен во периодот од 08:30 часот до 17:00 часот или преку нашиот e-mail
СО ПОТВРДА НА НАРАЧКАТА, КУПУВАЧОТ ИЗЈАВУВА ДЕКА Е ВО ЦЕЛОСТ ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО ОВИЕ УСЛОВИ ЗА КУПОПРОДАЖБА (Е-ТРГОВИЈА) НА АТЛАНТИС ПУЛСЕ, ПРЕКУ ОВАА ВЕБ-СТРАНИЦА pulseshop.mk
КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА pulseshop.mk И ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ НА АТЛАНТИС ПУЛСЕ И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.